Литургија 28.08.2016


Почитувани,

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе се Богослижи Света Божествена Литургија на 28.08.2016 со почеток во 10.30ч во храмот St. Barnabas Chapel, Manette Street W1D 4AP Soho. Најблиска метро станица Tottenham Court Road. По завршувањето на литургијата ќе биде богословена трпеза на љубовта.

Ве покануваме Вас и Вашите семејства и пријатели да ни се придружите на заедничка молитва за починатите браќа и сестри кои настрадаа во поплавените региони во Скопје и околните места и за сите семејства кои беа погодени од невремето.

Делегација од Црковниот Одбор лично посети неколку семејства во регионот и донира средства кои им беа најпотребни во моментот од црковниот бучет и лични донации од членовите на Црковниот Одбор. Секој што милува да биде дел од оваа хуманитарна акција ќе може да достави донација по завршувањето на литургијата.

Со почит,

Ц.У.О при

Ц.О Св. Архангел Михаил и сите ангели

Лондон

Leave a comment