Архиепископ


G.g. Stefan - Г. г. Стефан

Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан Поглавар на Македноската Православна Црква

Господин Господин Стефан (р. 1 мај 1955) — поглавар на Македонската православна црква. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски.

Роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 г. се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 г. дипломира на институтот.

Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.

Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архиерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 октомври 1999 г. Црковното националано собрание (составено од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.