Велигден 2016


Почитувани,

Македонската Православна Црковна Општина Св.Архангел Михаил и сите свети Ангели во Лондон, Вас, вашето семејство и пријатели Ве поканува да го прославиме заеднички најголемиот Христијански празник Воскресението Христово Велигден.

Богослужбите за време на Велигденските празници ќе бидат Богослужени и оваа година во храмот St. Barnabas Chapel, Manette Street, Soho. Најблиска метро станица Tottenham Court Road.

Велика Сабота

30.04.2016; почеток 22:30ч  Христовото Воскресение ке биде објавено на полноќ во храмот Св. Варнава на што ќе  претходат  литии и молитвословија.

Воскресение Христово Велигден 00:00- Света Воскресена литургија ке биде  Богослужена веднаш по Воскресение.

Во Недела 01.05.2016 со почеток во 10:30 ке биде Богослужено второ Воскресение и сите оние што не можеле да пристапат кон Светата Тајна причест предходниот ден ке бидат причестени во Неделата.

 

Бидејќи во Лителхамптон живее бројна Македонска  заедница и заради нивните духовни потреби за прв пат оваа година ќе биде Богослужена Света Воскресна Литургија  на втор ден Велигден во храмот St. Catherine of Alexandria, 44 Beach Road, Littlehampton, West Sussex BN 17   5 JH.

Имено Црковниот одбор би сакал да ве извести дека свештеникот е подготвен да одговори на сите црковни треби од кои имаат потреба нашите сонародници (Исповеди, Водосвети,…)

Со почит,

Ц.У.О

Св. Архангел Михаил и сите ангели

Лондон

Leave a comment