Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме заедно и свечено да го одбележиме Патрониот празник на нашата црковна општина „Свети Архангел Михаил и сите свети Aнгели“.
По тој повод во сабота, на 21.11.15 со почеток во 10:30 часот во храмот St Barnabas Chapel, Mannette Street, Soho W1 ќе се Богослужи света Архиерејска литургија.
Неговото Високоправосвештенство Метрополит Европски г. Пимен ќе чиноначалствува на литургијата, со сослужение на нашиот парохиски свештеник о. Виктор. По завршувањето на литургијата ќе биде благословена трпеза на љубовта во просториите на храмот.
Празничната веселба ќе биде одржана во Hendon Hall Hotel, Ashley Lane, Hendon, London NW4 1HF. Погледнете каде се наоѓа хотелот каде што ќе се одржи веселбата на мапа :
Веселбата ќе започне во 19 часот со прием во барот, а ќе заврши на полноќ. Вечерата ќе започне во 20 часот во просторијата прикажана на сликата подолу.
Вечерта ќе биде исполната со богата трпеза (шведска маса) и жива македонска музика.
Цената на менито е £25 за возрасни лица, £15 за деца од 7-12 години. Помалите деца се добредојдени и за нив не се наплаќа. За ваша удобност бројот на местата е ограничен (140)
За овој настан има голем интерес, Ве молиме резервирајте карти најдоцна до 06.11.15. Нема да има продажба на карти на врата на хотелот. Картите можете да ги набавите на следната литургија на 25.10.11 или со директен трансфер на црковната сметка:
Name: Macedonian Orthodox School
Bank: HSBC
Sort code: 40-04-01
Account number: 42419793
Ве молиме контактирајте ги Сара (07904852037, skopjesally [at] yahoo.com ) и Елеонора (07808080337, noramiteva [at] hotmail.com) и доставете ги вашите лични информации: име, презиме, email адреса и контакт телефон, за да добиете електронска потврда за резервирано место потребно за влез. За повеке информации – http://macedonianchurchlondon.org.uk/contact
Со Божја помош и помошта на нашиот патрон свети Архангел Михаил и сите свети Ангели, Ве очекуваме заедно да го прославиме празникот во прекрасна атмосфера исполнета со христијанска љубов и добросрдечност.
Со почит,
Црковниот одбор при црковната општина „Свети Архангел Михаил и сите свети Ангели“
На свечената вечера на општо задоволство и радост ќе биде присутен и надлежниот Митрополит на Европската Епархија МПЦ г-дин Пимен и притоа сите ќе имаме ретка можност да се дружиме со него, поразговараме и земеме благослов. Неговата десница ќе дарува Црковно календарче за 2016 со посвета на сите оние што ќе пристапат за благослов.
На прославата ќе настапуваат Дуо Интермецо (Игор Гуџалов и Марјан Николов), македонски музичари од Лондон. Игор свири на синтисајзер и пијано, а Марјан на саксофон и кларинет. Тие веќе 6 години свират заедно, претежно традиционална македонска музика, џез, свинг и останати жанрови со специјален аранжман за пијано и кларинет. Еден од безбројните успеси биле настапите во Paramount на 31виот кат на Centre Point во централен Лондон, секој викенд, повеќе од 1 година. Повеќе за нив прочитајте на Facebook страницата на нашата црква: кратка биографија, Дуо „Интермецо“
На прославата ќе има професионално приготвена шведска маса со т.н. finger food односно разни ордевери, мезе и закуски како: јагнешки ќофтиња, пилешко со сос од кикирики, мини бургери со кашкавал, лиснато со ракчиња, лосос, медитерански зеленчук, фишек со fish&chips и сл. На Facebook страницата на црквата можете да го разгледате целото мени за патронатот
Храната ќе се служи од 20:00 до 21:30 часот. Дополнително сите гости ќе добијат и торта.
Празничната веселба за патрониот празник на црквата ќе се одржи во:
Hendon Hall Hotel,
Ashley Lane
Hendon
London NW4 1HD
Tel: 020 8203 3341
на мапа: https://goo.gl/maps/BKrFWU8k2b22
Доколку доаѓате со автомобил паркирањето околу хотелот е бесплатно.
Доколку доаѓате со јавен превоз:
Најблиската станица на подземната железница е Hendon Central (Northern Line, Edgware Branch). Оттаму до хотелот може да се стигне пеш (~25 min), со автобус (бр. 143 или 326) или со mini cab ~£5.
Исто така, можете да се симнете од подземната железница на Golders Green (Northern Line, Edgware Branch) и потоа автобусот број 240 ќе ве остави пред хотелот.
Со голема радост објавуваме дека билетите за прославата на Патрониот празник на 21.11.15 се целосно распродадени. Се надеваме наредната година ќе се собереме уште толку за уште поголема забава.