Известување за вонредно изборно собрание


Почитувани сограѓани, почитувани Македонци и верни чеда на македонската православна црква

Со благослов на надлежниот Митрополит на Европската Епархија г.Пимен ние црковниот одбор на МОЦО Св. Архангел Михаил од Лондон, свикуваме вонредно изборно собрание на нашата црковна општина со единствена точка на дневен ред: Избор на нов Црковен управен одбор што ќе се одржи на ден 4-6-17 во помошните простории на Храмот Св. Варнава на Сохо.

Ве повикуваме сите редовни членови на нашата општина кои давате свој допринос и ја помагаат работата на нашата црковна општина да земете активно учество на ова собрание и сите заедно да ја помогнеме понатамошната работа и опстојување на истата. Исто така секој православен Македонец и пријател наш може да се пријави и да даде свој допринос за да се збогати нашето Духовно и културно живеење.

Вообичаено денот ќе започне со литургија во 10.30 веднаш потоа ќе биде благословена трпеза на љубовта,а потоа ќе започне и самото собрание. 


Бог посреди нас



Одборот на МОЦО [во оставка] 

Св. Архангел Михаил

Лондон

Leave a comment