ПОКАНА ЗА ГОДИШНО РЕДОВНО СОБРАНИЕ 02/04/2023


До сите Редовни членови на МПЦО – ОА

Св.Архангел Михаил и сите Ангели

Лондон, Велика Британија

Почитувани брака и сестри во Христа воскреснатиот наш  Бог Исус Христос. Со особена чест и радост ние членовите на Црковно Управниот Одбор (ЦУО) на состанокот оддржан на ден 08/03/2023 година донесовме одлука, редовното годишно собрание на нашата МПЦО – ОА Св.Архангел Михаил и сите Ангели да се оддржи на ден 02/04/2023 во 13 часот. Поради неможноста да се користат просториите во црквата истото ќе се одржи во Labs House, 15-19 Bloomsbury Way, WC1A 2TH Holborn London на 5 минути одалеченост од црквата.

Според статутот на Епархијата за Европа и нашата  МПЦО вас и вашето семејство како редовни членови на нашата МПЦО кои уредно си ги исполнувате обврските за „парохјал„ ве покануваме да земете активно учество во работата на собранието со што ке ја збогатите општата дискусија и одлуките  по дневниот ред.

Годишното Собрание  оваа година според воспоставената динамика НЕ Е изборно туку редовно што значи нема да се избираат членови во управните и работните тела на нашата МПЦО.

Со надеж и радост до следната наша средба се молиме Господ Бог да ве сочува во секое добро.

Со почит ЦУО при МПЦ-ОА Св.Архангел Михаил и сите Ангели Лондон.

Leave a comment