На 7.01.2025 се одржа Света Божествена Литургија по повод Божиќ (Рождество Христово) на која што верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ЦУО при МПЦ-ОА Св.Архангел Михаил и сите Ангели Лондон, изразува голема благодарност до сите пристуни кои помогнаа да се запази редот.
Тропар на Рождество на Господ Исус Христос – Божиќ
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, светот го озари со светлината на разумот; преку неа, служителите на ѕвездите се учеа од ѕвездата, да Ти се поклонуваат Тебе – Сонце на правдата, и да Те познаат, Истоку од висините: Господи, слава Ти.
ХРИСТОС СЕ РОДИ 🙏







