Литургија за Прочка 13.03.2016


Почитувани.

По повод поклади, Прочка празникот на покајанието и простувањето ќе биде Богослужена света литургија на 13.03.2016 со почеток во 10:30 во Храмот посветен на свети Варнава во Сохо.

Ве покануваме и оваа година на заедничка Литургија каде што сите ќе побараме прошка од Бога и еден од друг измирени во лицето на Христа воскреснатиот да го отпочнеме Велигденскиот пост.

За разлика од досегашната воспоставена традиција на „Вечерна Богослужба“ доцна навечер, овојпат од практични причини чинот на простување и мирење ќе се случи наутро веднаш по литургијата која започнува во 10:30.

Лесни Пости

Со почит,

ЦУО при
Ц.О. Св. Архангел Михаил и сите свети Ангели,
Лондон

Leave a comment