Известување за Годишно Собрание


Почитувани,

Следната Божествена литургија ќе се Богослужи на 26.02.17 со почеток во 10:30 часот во храмот St Barnabas Chapel, Manette Street Soho. Најблиска метро станица е Tottenham Court Road.

По завршување на литургијата ќе биде благословена трпеза на љубовта, а потоа во истите простории ќе се одржи редовно годишно собрание.

Редовните членови и сите православни Македонци кои се заинтересирани да ја помогнат мисијата и опстојувањето на Црковната општина која е посветена на  негување и ширење на православната христијанска вера меѓу македонските семејства и поединци од цела Велика Британија  се добредојдени да ни се придружат и земат учество во ова собрание.

Со почит,
ЦУО
Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели,

Лондон

Leave a comment