Известување за Восресение Христово-Велигден на 15.04.2017 и 16.04.2017


Почитувани,


Македонската Православна Црковна Општина Св.Архангел Михаил и сите Свети Ангели во Лондон, Вас, вашето семејство и пријатели Ве поканува да го прославиме заеднички најголемиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден.

Богослужбите за време на Велигденските празници ќе бидат Богослужени и оваа година во храмот St. Barnabas Chapel, Manette Street, Soho. Најблиска метро станица Tottenham Court Road.

Велика Сабота 

15.04.2017 со почеток 22.30ч  Христовото Воскресение ке биде објавено на полноќ во храмот Св. Варнава на што ќе  претходат  литии и молитвословија.

Воскресение Христово Велигден 
00-00- Света Воскресена литургија ке биде  Богослужена веднаш по Воскресение.
Во Недела 16.04.2017 со почеток во 11.00ч ке биде Богослужено второ Воскресение и сите оние што не можеле да пристапат кон СветатаТајна причест предходниот ден ке бидат причестени во Неделата.
По завршувањето на Воскресението, (Сабота кон Недела по полноќ) Црковниот одбор Ве поканува да ни се придружите на Трпеза на љубовта. Вообичаено на овие Трпези (по секоја Литургија и Богослужение) секој кој милува, може и сака да подготви нешто по своја желба, или да донесе нешто готово-купено како храна или пијалоци: вода,неалкохолни па дури и алкохолни пијалоци. Секоја помош е добродојдена.
Црковниот Одбор има потреба од волонтери за двата дена како на пример: редари, за продавање и гасење на свеќи и др. Ве молиме да не контактирате пред време.
Имено Црковниот одбор би сакал да ве извести дека свештеникот е подготвен да одговори на сите црковни треби од кои имаат потреба нашите сонародници [ Исповеди, Водосвети,…]
Со почит,
Ц.У.О
Св. Архангел Михаил и сите свети Ангели
Лондон

Leave a comment